ГЛАВНО МЕНИ
•  транспорт
•  хотели
•  ресторани
•  забава
•  шопинг инфо
•  образование
•  култура
•  спорт
 
•  Контакт
•  Impressum
 
Sponsoring:
•  lastminute
•  hotels
•  ferienhaus
 
 Welcome to Gostivar
Градот Гостивар се наѓа во западниот дел на Македонија, поточно во Горен Полог. Има исклучително добра местоположба бидејќи лежи на крстопат со исклучително значајни линии. Тие водат на север кон градот Тетово и понатаму кон Скопје, на југ кон градовите Кичево и Охрид, а на југозапад кон градот Дебар. Поради тоа Гостивар се има развиено во исклучително важна населба како во полето така и во планинската област.

Бројот на населението во Гостивар се движел на следниов начин:
Година:: 1874 1900 1921 1948 1961 1977
Жители: 2.000 4.000 4.885 7.832 12.788 32.926

Од искажаново се забележува дека од 1874г. бројот на жители во Гостивар бележи постојан пораст. Спрема пописот извршен 1961г. бројот на малцинствата спрема бројот на Македонци кои живееле во Гостивар е следниов:
Национална припадност: Македонци >Турци Албанци
Број на Жители: 5.092 4.349 2.904
Бројот на претставниците на другите национални малцинства бил занемарлив.

Со последниот попис извршен во 1994г.состојбата е драстично изменета. Таа, спрема податоците од заводот за статистика, изгледа вака:
Национална припадност: Македонци Турци Албанци Роми Срби Власи Друго
Број на жители: 20.110 13.752 68.926 2.138 308 11 2.844

Во врска со добрите стопански и сообраќајни прилики, па и со постојаното зголемување на населението, од втората половина на минатиот век во градот Гостивар започнуваат да се отвараат занаетчиски и трговски дуќани. Воведен е и пазарен ден (Вторник). Со овие новонастанати прилики во тоа време започнува просперитетот на Гостивар. Велешките и Тетовските трговци, Крушевските и Кичевските занаетчии се меѓу првите во создавањето на Гостиварската чаршија. Во тоа време во Гостивар голема експанзија бележеле разни занаети, кои пред се служеле повеќе за задоволување на селските потреби. Порано во Гостивар имало многу терзии, опинчари, самарџии, сарачи, казанџии и т.н. Во денешно време, овие занаети се пред прагот на потполно исчезнување, или се сведени на бледи спомени меѓу населението.

Во поново време, градот Гостивар добива обележје на важно популационо и стопанско седиште во западниот дел на Македонија.

Во делот галерија има повеќе интересни стари и нови слики од градот.

Sponsorite na gostivar.net se: Auto Reisen & Urlaub na koj im blagodarime za sorabotkata.
НАЈНОВИ ВЕСТИ
2008-05-12
Потпишано примирје за Садр Сити ... Читај повеќе

2008-05-12
Запленети 15 кг. хероин на Косово ... Читај повеќе

2008-05-12
Експлозија на берзата по изборите ... Читај повеќе

2008-05-12
Најмалку 107 загинати во земјотресот во Кина ... Читај повеќе

2008-05-12
Почина Полјачката која спаси 2.500 еврејски деца ... Читај повеќе

» Останати топ вести