|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Изборните плакати само на означени места
Скопје - 2008-05-09
Градоначалникотна Скопје Трифун Костовски денеска ги повика организаторите на изборнитекампањи да поставуваат изборни плакати само на местата определени за таанамена.
„Да не дозволиме,како и во претходните изборни циклуси, кампањата да остава позади себе нарушенестетски изглед на градот и купишта расфрлани пропагандни материјали по јавнитеповршини“, се вели во апелот на градоначалникот Костовски.
Тој побара одполитичките партии да се грижат за јавните површини и урбаната опрема приодржувањето на јавните собири.
Костовски нагласидека политичките субјекти имаат обврска најдоцна 30 дена по завршувањето наизборите самите да ги отстранат залепените плакати од површините што гикористеле за таа намена.
|
|
|
 |
|