|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Франција ќе ја помогне евроинтеграцијата на Македонија
Скопје - 2008-05-09
Поддршка за побрзаинтеграција во ЕУ на земјите од процесот на стабилизација и асоцијација, меѓукои и Македонија, ќе биде еден од приоритетите на француското претседавање соУнијата.
Оваденеска на средба со македонскиот претседател Бранко Црвенковски го укажа францускиотсенатор Дидиер Було.. Тој е во дводневна посета на Скопје со цел да подготвиизвештај за напредокот и состојбите во Македонија во поглед на ЕУ и НАТОинтегративните процеси, а кој ќе го презентира пред францускиот Сенат.
Црвенковски,како што соопшти неговиот кабинет, посочил дека Македонија од францускотопретседавање со ЕУ, во втората половина од годинава, ќе бара фер однос и оценкана поставените критериуми, а не прашања вон истите кои можат да го попречат приближувањетона земјата кон Унијата.
|
|
|
 |
|