|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Медиумите злоупотребуваат со изборното рекламирање
Скопје - 2008-05-09
Дел од медиумитего злоупотребиле периодот пред официјалниот почеток на изборната кампања.,констатираше денеска Советот за радиодифузија (СРД).
Претседателот на СРД, ЗоранСтефановски, посочи дека медиумите мора да престанат со свесно и намерно прекршувањена Законот за радиодифузија, бидејќи може да биде доведена во прашањерегуларноста на изборниот процес.
„Во тек се анализи кои медиуми точного прекршиле Законот и за сторителите се предвидени санкции“, нагласиСтефановски.
Напоредно со ова, СРД денеска на прес конференција информираше и заизвештајот за напредокот на Македонија усвоен од Европскиот парламент, во делотшто се однесува на присуство на говор на омраза во македонските медиуми насоченкон соседните држави.
Ваквите оценки, според СРД, сепаушални и неосновани.
|
|
|
 |
|