|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Евроатланската иднина зависи од фер избори
Скопје - 2008-05-10
Се освен целоснорегуларни и фер избори во мирна и демократска атмосфера ќе биде вистинскакатастрофа за аспирациите за членство во НАТО и ЕУ и иднина на Македонија.
Ова денеска го укажа македонскиотпретседател Бранко Црвенковски, во обраќање до нацијата по повод кампањата за предвременитеизбори што официјално започнува в недела на полноќ.
„Макеоднија мора забрзано да гопродолжи процесот кон НАТО и ЕУ, а првиот голем тест и предуслов за се останатоќе биде начинот на кој ќе ги организираме и одржиме изборите“, посочиЦрвенковски.
Наведувајќи дека „сериозна дамка наизборите ќе значи враќање назад за неколку години“, Црвенковски посочи декаМакедонија веќе има спроведено фер избори и оти постои доволен институционаленкапацитет и демократски потенцијал.
„Затоа, не е прашање дали можеме,туку дали имаме искрена политичка волја и чувство за одговорност кон иднинатана нашата земја“, укажа претседателот.
Одговарајќи на новинарски прашања,Црвенковски изјави дека согласно уставните обврски, неговата улога во изборитеќе биде „да не дозволи на било кој начин да биде инволвиран или да заземастрана“.
Во врска со преговорите за разликитесо Грција околу името, Црвенковски констатираше дека тие се во застој порадиизборите во Македонија, што оди во прилог на Атина.
„Со предвремените избори и дадовмеможност на Грција секогаш да има изговор доколку сака да ги одлага преговорите,што во оваа фаза и се случува. Времето, според нивна проценка, работи за нив,во најмала рака, за да го издржи овој период и да спласне интересот ипритисокот од САД во краток временски период да се дојде до решение за разликитеза името“, изјави Црвенковски.
Според него, економските мерки, какои последните инциденти, може да значат осмислена политика на дополнителенпритисок и провокации од Грција, на што Макеоднија не треба да наседне.
„Токму тоа можеби од грчка страна ие се очекува. Од заемен интерес е работите да стивнат и да се обидеме давоспоставиме нормална атмосфера во сите области, а пред се во економијата,настрана од преговорите за името“, изјави Црвенковски.
|
|
|
 |
|