|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Владеачката турска партија со одбрана пред судот
Истанбул - 2008-07-03
Претставниците на владеачката турска Партија на правдаи напредок (АКП) ги одбија денес пред Уставниот суд како неосновани наводите нарепубличкиот обвинител дека оваа партија „станала центар на антисекуларниактивности во земјата”
Во првата усна одбрана, помошникот премиер и портпаролна владата Џемил Чичек, на кого му асистираше претседателот на парламентарната група на АКП Бе ир Боздак, образложи неколку стотини страницина порано поднесената писмена одбрана.
Чичек го обвини републичкиот обвинител „дека живее во светот на фантазии” и дека „многуте од наводите му се засновани врз телевизиските вести”.
Во првиот дел од одбраната, Чичек рече дека обвинението „врие од неосновани тврдења и погрешни документи”, додавај и дека „не е точно дека АКП се свртелапротив секуларизмот”.
По образложенијата на обвинителството и одбраната, доколку нема потреба од поднесување на нови докази, на ред е подготвување наизвештај, после што би можела да биде закажана седницана судскиот совет на кој би била донесена конечна одлука.
Обвинителот бара затворање на АКП и политичка забрана за 71 нејзин член, меѓу кои се наоѓаат и лидерот и актуелниот премиер Реџеп Таип Ердоан и претседателот на републикатаАбдулах Ѓул.
Освен варијантите на прифа ање или одбивање на барањето за политичка забрана на АКП и нејзините најистакнатичленови, сега се споменува и третата варијанта, по која владеачката партија би можелада биде и поблаго казнета, на тој начин што би била избришана од списокот за финансирање на парламентарните партии од државниот буџет.
|
|
|
 |
|