|
|
 |
|
СТАРИ ВЕСТИ
|
 |
Регион
Врачен протест на македонскиот амбасадор во Белград
Белград - 2008-07-03
Протест порадипродолжување на активностите за демаркација на границата кон Косово, му врачиденеска во Белград на македонскиот амбасадор, српското Министерство занадворешни работи, јавија белградските гласила.
Протестот, што муе врачен на амбасадорот на Македонија Александар Василевски, наведува декадемаракцијата “покажала оти не се почитува суверенитетот и територијалниотинтегритет на Република Србија“.
“Македонскатастрана, со чинот на започнување на демаркација на границата со Србија во делоткон Косово и Метохија, во соработка со неовластени органи од Приштина, покажадека не го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на РепубликаСрбија и оти Република Србија не ја уважува како договорна страна“, се наведуваво соопштението на српското Министерство за надворешни работи.
Според истиотизвор, ова е во “спротивност и со духот и одредбите на Спогодбата за регулирањена меѓусебните односи и унапредување на соработката од 1996 година, со кои, меѓу останатото, Србија ја призна Македонија под нејзиното уставно име“.
|
|
|
 |
|