|
|
 |
|
култура
|
 |
Библиотеката „Вук Караџиќ“ и Домот на културата во Гостивар
Библиотеката „Вук Караџиќ“ е сместена веднаш позади домот на културата, односно на адреса: бул.„Браќа Ѓиноски“ б.б. Располага со над 8.000 наслови, односно над 80.000 книги. Во рамките на библиотеката има и детски оддел. Во неа работат 9 вработени кои ќе ве услужат секој работен ден од 7-19 часот.
Членарината изнесува 150 денари за ученици, а за останатите 200 денари.
К.У.Д „Браќа Ѓиноски“
На сликата е секцијата за староградски песни на еден свој успешен настап во Бугарија.
Во рамките на културно уметничкото друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар,
постојат неколку секции и тоа: секцијата за староградски песни, секцијата за фолклор (играорна секција),
како и секцијата за модерни танци.
Томе Серафимоски
Доколку се зборува за културата и уметноста во Гостиварскиот крај, неизбежно е името на Академик Томислав Серафимоски, Серафим.
Роден е во селото Зубовце, живописно место под снежната Шар Планина. Во 1953 година се запишува во Сплитското училиште за
применета уметност. На дефинитивното определување на Серафимоски кон вајарската уметност, големо влијание имаат и неговите студии
во Загрепската Академија за ликовна уметност. По препорака на неговите професори, Серафимоски во 1966 година заминува за Париз,
каде 4 години ја посетува школата за убави уметности, а исто така и три години поминува како соработник во атељето на познатата
Аргентинска вајарка, Алиција Пеналба.
По ваквите искуства, Серафимоски се враќа во земјата, извесно време работи како сценограф
во Радио телевизија Скопје. Од 1970 до 1984 година е директор на Домот на културата во Гостивар. Од тогаш живее и работи во Скопје,
а е и истакната член на Академијата на Науките и Уметностите.
Во поглед на неговото творештво воопшто не се потребни зборови, доволно
е да ги видите неговите дела. Повелете, уверете се сами.
Sponsoring: mereno.ch
|
|
|
 |
|