|
|
 |
|
спорт
|
 |
Кошарка - К.К. „Гостивар“
К.К. Гостивар, ги бележи привте активности во 1954 година под името „Маврово“. Од тогаш, клубот во повеќе наврати го менува името: Готекс, Вардар-Комерц, Гостивар и Никол Ферт. Бележи
значајни спортски резултати како во поранешна Југославија така и во поново време. Три пати е освојувач на титулата Републички првак и тоа во 1965, 1967 и 1968 година. Со успех настапува и во втората
лига на некогашна Југославија. Во повеќе наврати екипата се обидува да стане член и на првата лига, меѓутоа недостасуваше последниот решавачки чекор за постигнување на целта. Најзабележителни резултати
екипата бележи во далечната 1964-1965 година кога успеа да обезбеди учество во четврт финалето каде загуби од „Београд“, тогашен освојувач на шампионската титула.
Гостивар беше домаќин на купот во 1993-94 година.
Денес екипата на Никол Ферт, е една од најјаките во Македонското првенство. Пред две години беше шампион на Македонија, а минатата година е освојувач на Купот на Македонија.
Ракомет - Р.К. „Гостивар“
На сликата е ракометниот клуб „Гостивар“ чии почетоци датираат од доста поодамна. Во своите настапи овој клуб беше доста успешен (настапи и успеси во првата лига). По неколку годишна пауза, овој клуб повторно се реактивира исклучиво поради напорите на поранешни играчи и големи заљубеници во ракометот.
Да му посакаме среќа и успех во постоењето и работата на Р.К. „Гостивар“. Golf
Планинарење - П.Д. „Бистра“
Планинарското друштво „Бистра“ од Гостивар, постои од 1985 година и функционира најмногу поради ентузијазмот што го имаат
членовите (моментално брои околу 60 членови) на ова планинарско друштво. Да се надеваме дека ќе продолжат со добрата работа
и дека ќе забележуваат уште многу успеси.
На сликата горе е планинарскиот дом „Шарски Води“ кој како што може да се примети се наоѓа на надморска височина од 1.330
м. и претставува место каде најчесто членовите на ова планинарско друштво се собираат за да уживаат во чистиот планински воздух.
Sponsoring: Sport
|
|
|
 |
|